Субвенции за земјоделците ќе дава државата под услов тие да ги обележат нивите. Земјоделците треба да се јават во подрачните единици каде живеат и да ја одбележат земјоделската површината која ја работат. До сега оваа обврска ја немаат завршено 40 % од македонските земјоделци.
– Од оваа година земјоделците нема да можат да добијат субвенции , доколку не се јават во подрачните единици и не си ги зацртаат површините кои ги работата. Затоа сакам да апелирам до тие 40 % кои од различни причини не го направиле, а процесот е бесплатен, мора тоа да го направат, ако сакаат годинава да аплицираат за субвенции“ изјави Зоран Коњановски, заменик, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Постапката е едноставна и бесплатна, а со овој процес македонското законодавство се доближува до она на Европската унија, со што се олеснува и процесот на евидентирање и аплицирање за субвенции.
Извор: dnevnik.mk