Почетна / Вести Македонија / Десет домашни компании на саемот за овошје во Берлин

Десет домашни компании на саемот за овошје во Берлин

“Баџо” ДООЕЛ експорт-импорт, ДПТУ “Туран Иван” ДООЕЛ експорт-импорт, АД “Агролозар”, Перминдекс” експорт-импорт, Агрокалем” Неготино Екооаза Самандов” ДОО, АД Гоце Делчев” Тиквеш, АД Агроплод”, Фрута грозд” и Иви Пром”, се десетте македонски компании кои учествуваат на водечката светска саемска манифестација за бизнис со свежо овошје и зеленчук Фрут Логистика 2013″ во Берлин.

Македонските водечки компании од индустријата за овошје и зеленчук ќе имаат и можност да го зголемат знаењето за најновите технологии и управувачки практики за подобрување на продуктивноста и зголемување на конкурентноста.

Министерството за земјоделство одвои 51.000 евра за штандот и обезбедување простор на саемот. Следен саем на кој ќе се претстават македонски компании е “Продекспо 2013″ кој ќе се одржи од 11 до 15 овој месец во Москва. Изложувачи ќе бидат винариите Тиквеш”, Сковин”, Стоби”, Далвина”, Шато Камник” и Винар”.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …