Компанијата “Имлек”, која е сопственик на Битолска млекарница, на српскиот пазар пласираше производи од органско потекло, коишто се единствени од тој вид, не само во Србија, туку и во регионот, пренесуваат српските медиуми.
Во продавниците ширум Србија под заедничкото име “bello organic” може да се најдат органско млеко, јогурт, павлака и сирење, а нивната цена ќе биде за 20% до 30% повисока од класичните млечни производи.
Генералниот директор на Имлек”, Слободан Петровиќ, истакна дека не станува збор некоја измама и потенцираше дека се работи за прозиводи од органско млеко од фармата Велвет во Чуруга.
– Ние во моментов од фармата добиваме 17.000 литри органско млеко дневно и целото ќе го преработиме во органски производи – изјави Петровиќ за медиумите.
Тој наведе дека дел од производството ќе оди за извоз за Романија, Унгарија, Австрија и за Словенија, а се планира до Нова година да се зголемат количините на повеќе од 20.000 литри органско млеко на ден.
Петровиќ истакна дека цената на тие производи на почеток ќе биде за 10% повисока во споредба со конвенционалните млечни производи, но не и на подолг рок и подоцна органските млечни производи ќе бидат 20%-25%, но не повеќе од 30% поскапи.
Директорот на маркетинг на Имлек”, Срѓан Поповиќ, најави дека следниот чекор ќе биде пласман на органско чоколадно млеко, овошен јогурт и сирење за мачкање.
Извор: vecer.com.mk