Почетна / Вести Македонија / Земјоделците истрчаа на крај, обележани над 75% од нивите

Земјоделците истрчаа на крај, обележани над 75% од нивите

Досега во системот за обележување на нивите се внесени податоци за 75% од обработливото земјиште, а оние земјоделци кои во предвидениот рок нема да ги обележат своите ниви нема да имаат право на субвенции.

На 15 дена пред крајниот рок за обележување на нивите, земјоделците забрзано ја регистрираат земјоделската површина која ја обработуваат. Според податоците од Министерството за земјоделство, досега во системот за идентификација на земјишни парцели или ЛПИС (ланд-парцел идентифицатион сѕстем) се внесени податоци за околу 75% од обработливото земјоделско земјиште, и до почетокот на аплицирањето за субвенции за 2013 година се очекува во овој систем да бидат внесени сите парцели.

Оние земјоделци кои во предвидениот рок нема да ги обележат своите ниви, нема да имаат право на субвенции.
– Од оваа година земјоделците нема да можат да добијат субвенции доколку не се јават во подрачните единици и не си ги зацртаат површините кои ги работат. Затоа сакам да апелирам до тие земјоделци кои од различни причини не го направиле тоа, а процесот е бесплатен, мора тоа да го направат, ако сакаат годинава да аплицираат за субвенции – изјави заменик-министерот за земјоделство, Зоран Коњановски.

Во наредните 20 дена, според податоците на Министерството за земјоделство околу 25% од земјоделците треба да се јават во подрачните единици каде живеат и да ја одбележат земјоделската површината што ја работат. Постапката е едноставна и бесплатна, а со овој процес македонското законодавство се доближува до она на Европската унија, со што се олеснува и процесот на евидентирање и аплицирање за субвенции.
– Со имплементацијата на овој систем се добива попрецизна слика за агросекторот, поефикасно и поедноставно аплицирање за субвенции, земјоделецот ќе знае кое земјиште може да го пријави во иднина, процесот на пријавување на земјиштето во иднина ќе биде поедноставен и побрз, бидејќи од година во година ќе се регистрираат само промените настанати на парцелата ќе се намали ризикот од лажни барања за субвенции и повеќе средства ќе се распределат на вистинските производители односно ќе се подобри контролата – потенцираат од Министерството за земјоделство.

За регистрирање на парцелите, потребно е земјоделецот да има лична карта, имотен/поседовен лист или договор за закуп на земјоделско земјиште. Од оваа година за аплицирањето за субвенции, земјоделците одат во Подрачната единица и со внесување на неговиот идентификациски број од Единствениот регистар на земјоделски стопанства, веднаш добива електронски пополнета апликација за субвенции.

Александра Спасевска

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …