Почетна / Вести Македонија / За парите од ИПАРД се очекуваат 1.000 апликации

За парите од ИПАРД се очекуваат 1.000 апликации

По околу 1.000 апликации за ИПАРД средствата на секој следен јавен повик се очекува да повлечат” најновите измени во Програмата што изминатиов период земјоделците имаа можност да ги слушнат директно од надлежните.

Купување најсовремена механизација, изградба, не само за реновирање пластеници и оранжерии, обнова на млекарници, фарми, преработувачки капацитети во месната индустрија, како и изградба, не само за реновирање објекти за рурален туризам, се само дел од можностите што ги нудат измените.

Намалена е границата за аплицирање што овозможува ИПАРД барања да поднесуваат и поситните земјоделци, но зголемена е и сумата за поголемите проекти. Ќе може да конкурираат и малите и средните претпријатија поради што се предвидува значително поинтензивна апсорпција на европските пари.
-Можностите се сега многу поголеми. За оние што сакаат да изградат нови оранжерии границата на дозволени трошоци е подигната на повеќе од 2 милиона евра. Ќе може да се користат и средства за изградба на нови објекти во руралните средини со капацитет до 30 соби и 70 легла во насока на развој на туризмот и нови вработувања за што сметаме дека ќе има голем интерес. Оттука, очекуваме на наредните огласи да се јават поголем број апликанти и искористеноста на средствата да биде многу поголема, истакна Коњановски по средбата со претставниците на Сојузот на стопанските комори.

Досега, бројот на апликации за користење средства од ИПАРД беше прилично низок, 70 до 90 на јавен повик.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …