Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во февруари годинава изнесува 1,85 милиони денари што претставува пораст за 31,2% во споредба со февруари лани, објави Државниот завод за статистика.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 3,7%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 110%.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува речиси кај сите земјоделски производи освен кај индустриските растенија, добитокот и млекото каде што вредноста на вкупниот откуп и продажбата опаѓа.
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија