Триесет и пет денари за килограм, толку им нудат откупувачите на земјоделците од струмичко за пролетната зелка.
Земјоделците велат дека цената е дoбра, но очекуваат оваа цена да се намали со зголемувањето на понудата на раната зелка.
Бидејќи минатиот месец имаше поплави во струмичко, можно е да има помали количини или да доцни бербата.
Извозот на пролетната зелка засега е насочен кон Русија. Со стасувањето на целото производство се очекува и пласирање на традиционалните пазари во земјите од регионот.
Извор: kurir.mk