Почетна / Вести Македонија / Во замрзнатата пченка нема афлатоксини

Во замрзнатата пченка нема афлатоксини

Агенцијата за храна и ветеринарство соопштува дека нема присуство на микротоксини – афлатоксини во трите испитани мостри на замрзната пченка за човечка исхрана, земени од домашниот пазар, од различни увозници од Србија, по добиената информација за појава на афлатоксини во дел од пченката од новата реколта произведена во оваа земја.

 – По актуализирањето на состојбата ја засиливме инспекциската контрола со задолжително лабораториско испитување на пченка и производи од пченка на граничните премини. Засилена е и контролата на домашниот пазар. Земени се дополнителни мостри за испитување на афлатоксини и од увозното пченкарно брашно, за кои Агенцијата ги очекува резултатите од понеделник – соопштуваат од АХВ. Во рамки на редовните инспекциски контроли, како и вршење на лабораториски анализи на мостри од почетокот на годинава досега, само на граничниот премин Табановце земени се 31 мостра од пченка од Србија, од кои кај 18 мостри испитано е присуство на афлатоксини, за кои досегашните анализи биле негативни, односно не покажале присуство на афлатоксини.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=90DCED5CE0F75844B4E1133C743A5CD8

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …