Почетна / Вести Македонија / Во виничко откупени 25 тони тутун

Во виничко откупени 25 тони тутун

Од планираните 160 тони тутун, во виничко досега се откупени 25 тони по 170 денари за килограм просечна цена.

Според производителите, квалитетот на родот е подобар од лани, количините се движат околу 160 килограми по декар. Откупните цени се 236 денари за прва класа, 171 денар за втора, 123 денари за трета и 50 денари за килограм четврта класа.

Во Општина Виница годинава беа насеани 98 хектари од кои се очекува 180 тони тутун. Откупот се врши на два пункта на „Алијанса 1“ од Кавадарци, еден во градот и еден во населеното место во село Трсино.

Одгледувањето на тутун е приоритетна дејност на виничките земјоделци, а површините постојано се зголемуваат.

Извор: http://www.kurir.mk/republika/opstini/94822-Vo-vinicko-otkupeni-25-toni-tutun

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …