Почетна / Вести Македонија / Министерството за земјоделство во Кавадарци доби подвижна канцеларија

Министерството за земјоделство во Кавадарци доби подвижна канцеларија

Подвижната канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска пристигна во Кавадарци.

Вработени во Подрачната служба на Министерството со посебно дизајнираното комбе ќе ги посетат и најоддалечените села во кавадаречката и росоманската општина за да им одговорат на жителите на сите прашања од областа на земјоделството.

– Подвижната канцеларија најпрво ќе го опфати планинскиот дел од општината, Рожден и останатите села на Бошавијата. Најверојатно во јануари ќе ги посети низинските села во Кавадаречко и Росоманско. Наши вработени им стојат на располагање на земјоделците за прашања поврзани со субвенциите, легализацијата на тракторите, дивоизградените објекти на земјоделските имоти,…, изјави Зоран Шалев, раководител на Подрачната служба.

Тој информира и дека имаат директен линк со Министерството што ќе овозможи одговор на сите прашања да се добие веднаш.

Извор: http://www.kurir.mk/republika/opstini/94817-Ministerstvoto-za-zemjodelstvo-vo-Kavadarci-dobi-podvizna-kancelarija

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …