Почетна / Вести Македонија / 24.000 љубичици во Центар

24.000 љубичици во Центар

Во Општина Центар во текот на минатиот месец, на различни локации на територијата на Општината, засадени се околу 24.000 љубичици во различни бои.

Оформени се цветни леи и острови од црвени, виолетови, розови и жолти љубичици во тревните површини и жардиниериите пред станбените блокови на 20 различни локации во населбите низ општината.

Цветниот расад може да ги издржи ниските температури и опстојува до пролетните месеци.

Останатиот цветен расад е планирано да се засади во текот на следниот месец, како дополна на есенскиот расад од видот хризантема.

Извор: http://www.kurir.mk/republika/skopje/94916-FOTO-24000-ljubicici-vo-Centar

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …