Во Виничко ќе почне производството на лешници по италијански терк, со странска експертска помош и поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Станува збор за проект што го реализира стручњакот и технички консултант за одгледување и производство на лешници Џанлука Гризери во соработка со општина Виница.
-Македонија ја избравме како земја која нуди одлични услови, почва, клима и сонце, за производство на лешник. Нашата цел е да помогнеме во обезбедувањето сертифициран саден материјал по теркот на регионот Пиемонте од кој доаѓам, а кој го бараат откупувачите, но и да понудиме соодветна едукација за подготовка на терен и одгледување на лешникот, истакна италијанскиот стручњак Гризери на денешната средба со земјоделците.
Според него, пласманот воопшто не е проблем, гарантирана е сигурна продажба зашто интересот на италијанските откупувачи е голем.
-Површините на кои ќе почне производството не се ограничени. Добро е што државата го субвенционира подигањето на насадите со по 100.000 денари за хектар, а обезбедува и 15.000 денари поддршка, рече градоначалникот на Виница Емил Дончев.
Дончев понуди помош во обезбедување расположиви капацитети со цел проектот да ги постигне очекуваните резултати.
Извор: kurir.mk
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија