Почетна / Занимливости / Растенијата знаат да пресметуваат?!

Растенијата знаат да пресметуваат?!

Растенијата имаат вграден систем за математички пресметки коj им помагаат за регулирање на резервите на храна во текот на ноќта, велат истражувачите.

Британските научници биле „запрепастени” од откритието за софистицираните аритметички пресметки во биологијата.

Математичкиот модел покажува дека нивото на скроб кое го консумираат билките во текот на ноќта е  внимателно пресметан во процесот во кој се  вклучени хемикалиите на листовите, вели истражувачот Џон од Инес центарот во извештајот за e-Life журналот.

Птиците може да користат слични методи за одржување на нивото на масти во текот на миграцијата.

Научниците ја проучувале билката Arabidopsis и откриле дека таа во текот на ноќта, кога не може да ја користи енергијата на сончева светлина за претворање на јаглеродот диоксид во шеќери и скроб, прецизно ги регулира резервите на храна кои би и траеле до утрото.

Експериментите покажуваат дека пресметките се толку прецизни, што сигурно се дел од аритметичкото делење.

-Тие всушност пресметуваат на едноставен, хемиски начин. Тоа е неверојатно, вели професор Алисон Смит.

Истражувачите користеле математичко моделирање за да се истражи како се одвиваат пресметките во билката.

Во текот на ноќта, механизмот во листовите ги мери резервите, а информацијата доаѓа од внатрешниот часовник, сличен на човековиот.

Истражувачите проценуваат дека процесот се случува преку два вида на молекули кои се обележани со „С” за скроб и „Т” за време.

Ако „С“ молекулите го стимулираат распаѓањето на скробот, додека „Т“ молекулите спречуваат да дојде до тоа, тогаш стапката на консумирање скроб е подесена во однос на „С“ и „Т“ молекулите, односно „С“ поделено со „Т“.

„Ова е прв конкретен пример во биологијата за вакви  софистицирани аритметички пресметки”, вели професорот Мартин Хауард, кој учествувал во истражувањето.

Извор: kurir.mk

 

Check Also

Задолжително купете една од овие билки за свеж воздух во домот

Колку и да се грижиме за хигиената во нашиот дом, во него сепак постојат отрови …