Почетна / Вести Македонија / Трибина на тема „Подобрување на квалитетот на млекото“

Трибина на тема „Подобрување на квалитетот на млекото“

Трибина на тема „Подобрување на квалитетот на млекото“ ќе се одржи денеска во огранизација на Федерацијата на фармерите на Република Македонија.

На трибината ќе присуствуваат земјоделци, експерти и претставници од владини и невладини институции. Целта е да се разговара за подобрување на квалитетот на млекото преку хигиената и балансираната исхрана на кравите.

За хигенски инженеринг и дизајн ќе зборува проф. д-р Владимир Какуринов, додека за балансирана исхрана проф. д-р Среќко Ѓорѓиевски.

Трибината се организира во соработка  со Француската асоцијација на земјоделци за меѓународен развој во рамки на програмата за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Извор: kurir.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …