Почетна / Вести Македонија / Во Велешко почна жетвата на оризот

Во Велешко почна жетвата на оризот

Во општините Велес и Чашка почна жетвата на оризот.На полињата по течението на реката Тополка, во атарот на селата Лисиче, Голозинци, Еловец, Чашка и Долно Оризари комбајните и луѓето го собираат богатиот род на оризот.

Оваа земјоделска култура се врати на чашкарските ниви. Некогаш беше ја имаше на повеќе од 500 хектари за оваа година да биде посеана на шеесетина хектари. Производителите велат дека приносите и квалитетот се повеќе од добри.
– По повеќе години пауза повторно го засеав оризот на еден хектар. Презадоволен сум од родот. Најдов 7.000 килограми што е повеќе од добро. Откупувачи има, а и од цената што ја нудат сум задоволен. Идната година планирам да ги зголемам површините – вели Ангелко Трајковски од селото Лисиче. Земјоделците од општините Велес и Чашка очекуваат годинашниот род да тежи околу 400 тони квалитетен ориз. Прибирањето на родот се очекува да заврши до крајот на овој месец. Покрај добрата откупна цена земјоделците за производството на оваа култура ќе добијат и субвенции за предадените количини на арпа во некоја од фирмите регистрирани за откуп на ориз. Жителите од селата по течението на реките Тополка и Бабуна велат дека добро е што оризот повторно се враќа на полињата во велешко. Условите за производство со изградбата на браната на ХС Лисичее се повеќе од добри. Коритото на реката Тополка преку цела година има вода која е основниот услов за производство на ориз. Згора на ова високите приноси, добрите субвенции што ги дава Владата се уште еден предуслов оризот повторно да се врати на полињата во овој дел на Македонија. (С.А.)

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …