Почетна / Вести Македонија / Во кривопаланечко заврши есенската сеидба

Во кривопаланечко заврши есенската сеидба

Кривопаланечките индивидуални земјоделски производители и земјоделски претпријатија од општините Крива Паланка и Ранковце ја завршија есенската сеидба за 2012 година пред снежните врнежи.

Како што оценуваат земјоделските стручњаци, снежната покривка ќе биде добредојдена за житните култури зашто ќе ги штити од мразевите и ќе ја одржува потребната влага во почвата.

Според Подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, реализацијата е 100 отсто, со житни култури се засеани вкупно планираните 1.170 хектари. Од нив доминира пченицата на 750 хектари по која следи есенскиот јачмен со 370 хектари. Ржта е застапена на само 50 хектари.

Есенската сеидба успешно е завршена поради поволните влажни климатски услови. Најголем дел отпаѓа на индивидуалните земјоделски производители, помал на земјоделските претпријатија.

Извор: http://kurir.mk/republika/opstini/96056-Vo-krivopalanecko-zavrsi-esenskata-seidba

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …