Почетна / Вести Македонија / Во ек пролетната сеидба во битолскиот дел на Пелагонија

Во ек пролетната сеидба во битолскиот дел на Пелагонија

Во битолскиот дел на Пелагонија пролетната сеидба е во полн ек, а задоцнувањето предизвикано од недоамнешните поплави се надоместува со целодневна работа на земјоделските површини на големите и помалите агро-производители.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство-МЗШВ информираат дека во завршна фаза е сеидбата на пченкарното зрно, а се засадуваат и други пролетни култури.
 
– Во тек е сеидбата на фуражната пченка, а при крај е и сеидбата на сончогледот. Фуражната или силажната пченка за стока се засадува на површина од околу 5.000 хектари додека земјоделските површни со сончоглед годинава се движат меѓу две и три илјади хектари, истакна Илија Србиновски, раководител на ПЕ на МЗШВ во Битола.
 
Србиновски потврди дека во овој период интензивно се врши расадувањето на тутунот, кој во битолскиот дел на Пелагонија ќе биде застапен на повеќе од 2 илјади хектари.

Извор: kurir.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …