Почетна / Вести Македонија / Расте извозот на храна, се намалува увозот

Расте извозот на храна, се намалува увозот

Увозот на прехранбени производи во првиот квартал годинава е намален за 7,2 милиони долари, додека извозот е зголемен за 5,2 милиони долари.

Иако вредносно гледано увозот е скоро двојно поголем од извозот, нагорниот тренд од извозната страна кажува дека се зголемува домашното производство и македонските прехранбени производи стануваат се поконкурентни на странските пазари.Расте извозот, се намалува увозот на храна. Во првите три месеци од годината трговското салдо со производи од прехранбената индустрија покажуваат намалување на увозот на прехранбени производи за 7,2 милиони долари, додека извозот е зголемен за 5,2 милиони долари. Иако вредносно гледано увозот е скоро двојно поголем од извозот, нагорниот тренд од извозната страна кажува дека се зголемува домашното производство и македонските прехранбени производи стануваат се поконкурентни на странските пазари.

Според податоците на Народната банка, извозот на прехранбени производи во првите три месеци годинава пораснал за 8,6% на вкупно 65,3 милиони долари, споредено со 60,1 милион долари во првиот квартал лани. Најмногу пораснал извозот на жита и преработки од жита за 2,1 милион долари од 13,2 милиони долари лани, на 15,3 милиони долари во првите три месеци годинава. Извозот на месо и преработки од месо изнесува 12,3 милиони долари, што е за 6,9% повеќе споредено со 11,5 милиони долари лани, а намален е извозот на млечни производи и јајца од 2,4 милиони долари лани на 1,8 милиони долари во првиот квартал годинава.

Извозот на овошјето и зеленчукот кои имаат најголема вредност во вкупниот извоз на прехранбени производи пораснал за 1,8 милиони евра од 22,5 на 24,3 милиони долари во првиот квартал годинава

Извозот на шеќер и преработки од шеќер е поголем за 100 илјади долари, додека двојно е зголемена вредноста на извезената добиточна храна од 300 илјади долари лани на 600 илјади долари во првите три месеци годинава. За 800 илјади евра е зголемен извозот на други разни прехранбени производи.

Увозот на храна во првиот квартал процентуално гледано е за 4,3% намален од 157,2 милиони долари во првиот квартал лани, на 150,7 милиони долари истиот период годинава. Притоа двојно е намален увозот на живи животни во првите три месеци од 800 на 400 илјади долари.

Зголемување за 2 милиони долари, на вкупно 35 милиони долари има кај увозот на месо и преработки од месо каде Македонија е увозно зависна, а намалување за 500 илјади евра има кај млечните производи и јајцата, пред се како резултат на зголеменото домашно производство, а и кризата со афлатоксинот која ги погоди хрватскиот и српскиот пазар од каде што доаѓаат најголем дел од овие производи. За над 30% е намален увозот на жито и преработки од жито кој после месото има најголем удел во вкупниот увоз на храна. Во првите три месеци увозот изнесува 23,3 милиони долари, за разлика од 30,5 милиони долари во првиот квартал лани. За 400 илјади евра е зголемен увозот на овошје и зеленчук, а раст од 600 илјади евра на 6,9 милиони евра има кај добиточната храна.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …