Почетна / Вести Македонија / Високо-квалитетното грозје ќе се откупува за 20% повисока цена

Високо-квалитетното грозје ќе се откупува за 20% повисока цена

Винарската визба Тиквеш ги објави цените за откуп на висококвалитетно грозје. Годинешниве цени се повисоки за околу 20% во споредба со цените по која се вршеше откупот минатата година.

Годинава грозјето од сортата “темјаника” ќе се откупува и до 20 денари за килограм, а по иста цена ќе се откупува и грозјето од сортата “траминец”. Висококвалитетното грозје од сортата шардоне” ќе се откупува и по над 19 денари за килограм. Во текот на следната недела ќе бидат објавени и цените по кои ќе се откупува и грозјето од сортите вранец и смедеревка.
Како резултат на добрата долгогодишна соработка, Тиквешш годинава ќе исплати надомест во висина од над 40% од редовната цена на грозјето на дел од партнерите лозари кои имаат посебен договор со винаријата.
– Добрите позиции на неколку сорти на вина на Тиквешш на одредени пазари и потенцијалот што постои е причина за зголемувањето на цените за откуп на висококвалитетното грозје. Од друга страна, за да понудиме врвно вино на пазарите мора да имаме и квалитетно грозје. Ние во овој сегмент сме особено задоволни од напредокот во квалитетот на грозјето што го понудија нашите лозари-партнери којшто е се подобар од година во година, а како резултат на тоа оваа година нивниот труд и посветеност ќе биде и награден со уверување дека нашата соработка ќе биде уште подобра во иднина, изјави Игор Илиевски, генерален директор на ВВ Тиквеш.

Тиквешш врши откуп со дигитални сонди (рефрактометри) за мерење на шеќерност на грозјето. Винаријата има три дигитални сонди калибрирани и баждарени од Бирото за метрологија на Р. Македонија, што е еден од условите за една винарија да може да врши откуп на грозје.

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …