Почетна / Вести Македонија / Вино фест од 8 до 12 мај

Вино фест од 8 до 12 мај

Најубавиот месец од годината, мај, полека станува асоцијација за фестивалот на виното кој веќе втора година по ред ќе се одржи под отворено небо пред Веро центарот.

Од 8 до 12 мај посетителите ќе имаат можност на едно место да се запознаат со вкусовите на домашните вина, да дегустираат и уживаат во овој пет дневен фестивал посветен на виното, храната и музиката.
Иако минатата година овој фестивал го имаше дебитантското искуство и за прв пат јавноста имаше можност да го посети, се покажа како вистински погодок, бидејќи побуди голем интерес, а ние се потрудивме да овозможиме одлична атмосфера вредна дружењето и оваа година да го повториме. Успеавме на едно место да собереме дури 10 домашни производители на вина, а за уживањето да биде комплетно поканивме 4 различни производители на сирења и сувомеснатите производи. Очекуваме и оваа година заедно со сите љубители на доброто вино да бидеме дел од овој фестивал на уживањетоо – изјави генералниот директор на Веро, Костас Теодосијадис.

Покрај можноста да се запознаете и да ги дегустирате вкусовите на сите домашни винарници за атмосфера да биде комплетна ќе се погрижат и бројните актуелни музички бендови кои ќе имаат свои настапи: Нокаут, Тони Китановски и Черкези, Фолтин, Чалгии, Аир Стрингс, Пеперминт и многу други се само дел од музичката програма замислена специјално да го надополни овој хедонистички фестивал кој ќе му овозможи на Скопје уживање за сите сетила. А во недела, на 12ти мај ексклузивно настапува новосадската акустична сензација – Фрајле!

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …