Винаријата “Стоби” се претстави на саемот за вино Винаријаа во Пловдив. На овој саем учествуваа повеќе од 30 земји, низ цела Европа.
– Саемот за вино “Винарија” е еден од најрепрезентативните вински настани што се случуваат во Пловдив. Нашето учество на овој саем претставува одлична можност за промоција на нашите вина, и на тој начин воспоставување на директни контакти со потрошувачите, конкуренцијата и бизнис партнерите. Ова излагање за нас претставува можност за проширување на нашата продажна мрежа, и на тој начин зголемување на извозниот капацитет. Заинтересираноста за вината на Стоби” на овој саем беше значително голема и сите учесници и посетители беа изненадени од квалитетот и вкусот на виното – изјави Лидија Трајковска, комерцијален директор на Перминдекс”.
Извор: vecer.com.mk