Поволните временски услови во текот на 2013 година придонесоа произведеното грозје од реколтата 2013-та да се одликува со добар квалитет и повисок принос во однос на 2012 година.
Имајќи го ова предвид, вкупното производство на грозје и трпезно и винско во Македонија во 2013 година ќе го надмине просечниот вкупен принос од последните пет години од околу 250.000 тони, односно дека производството на вино од реколтата 2013 година ќе постигне ниво над 100 милиони литри.
Вкупниот откуп и берба на грозје во 2013 година достигна своевиден рекорд споредено со последните пет години. Според податоците на Министерството за земјоделство во 2013 година од страна на винарските визби откупени се вкупно 161.247 тони винско грозје, што во споредба со 2012 година претставува зголемување од 27%. Покрај ова, винарските визби од сопствено производство имаат набрано 24.082 тони винско грозје што е за 44% повеќе од 2012 година. Согласно овие податоци, вкупниот откуп и берба на грозје во 2013 година достигна 185.329 тони, што во однос на 2012 година претставува зголемување за 29%. Оваа количина претставува реална основа за производство на над 120 милиони литри вино.
– Поволните временските услови во текот на 2013 година придонесоа произведеното грозје од реколта 2013 да се одликува со добар квалитет и повисок принос во однос на 2012 година. Имајќи го ова предвид, како и фактот дека производството се одвива на непроменливи површини, вкупното производство на грозје и трпезно и винско во Македонија во 2013 година ќе го надмине просечниот вкупен принос од последните пет години од околу 250.000 тони, односно дека производството на вино од реколта 2013 година ќе постигне ниво над 100 милиони литри, велат од Министерството за земјоделство.
Со оглед на тоа што минатата година во текот на откупот на винско грозје не беше забележан ниту еден посериозен проблем во однос на навременоста, количината и цената на откупеното грозје, произлегува дека иницијативите преземени од страна на Министерството за земјоделство во насока на подобро организирање на откупна сезона односно интензивирање на соработката и градење на дијалогот помеѓу лозаропроизводителите и претставниците на винскиот сектор даваат резултати.
Според информациите од Подрачните единици на Министерството, откупните цени за килограм винско грозје во 2013 година беа почитувани од страна на сите откупувачи на винско грозје. Според ова, Смедеревката со 17 шеќерни единици се откупуваше по 11 денари за килограм, а Вранецот со 19 шеќерни единици по 13 денари за килограм, при што цената прогресивно расте согласно шеќерните единици.
Според прелиминарните анализи на министерството, откупните цени во 2013 година во просек беа за околу 1-2 денари за килограм повисоки од остварените цени за време на откупот во 2012 година.
Намален извозот на винско, зголемен на трпезно грозје
Според анализата на Министерството за земјоделство, минатата година беше спречен и значителен одлив на винско грозје од Македонија.
– Имено, и покрај тоа што 2013 година се покажа како исклучително родна година од аспект на грозјето, количината на извезено винско грозје од Македонија, извезени се само 13,2 милиони килограми, што е за 23% помалку од извезената количина на винско грозје во 2012 година, велат од Министерството за земјоделство.
Од друга страна, покрај намалениот извоз на винско грозје, извозот на трпезно и суво грозје од Македонија во 2013 е зголемен во однос на 2012 година како резултат на што е остварен за 10% зголемен девизен прилив од извоз на грозје.
Конечно, како резултат на одредбите од Законот за виното производителите на вино во целост го имаат исплатено откупеното грозје од претходните години.
Споредбени резултати на извоз на грозје (2013/2012)
тарифна ознака |
2011 |
2012 |
2013 |
||||
Количина во кг |
Вредност во ЕУР |
Количина во кг |
Вредност во ЕУР |
Количина во кг |
Вредност во ЕУР |
||
(Трпезно грозје) |
18.352.046 |
8.511.956 |
20.476.248 |
8.645.085 |
23.177.239 |
10.426.041 |
|
(Винско грозје) |
16.380.389 |
3.457.154 |
16.195.709 |
3.653.865 |
13.208.854 |
3.096.442 |
|
(Грозје сушено) |
9.382 |
10.703 |
5.335 |
7.945 |
32.583 |
20.921 |
|
ВКУПНО: |
34.741.817 |
11.979.813 |
36.677.299 |
12.306.895 |
36.418.676 |
13.543.404 |
Извор: vecer.com.mk