По повод празникот “Св.Трифун” денеска во неколку градови и места низ државата ќе се изврши закројување на лозовите насади.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ќе присуствува на свеченото закројување лози во Неготино.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и министерот за земјоделство на Хрватска, Тихомир Јаковина, пак, по повод Денот на лозарите ќе присуствуваат на традиционалното закројување лозови насади на винаријата “Визба Валандово”-Валандово на винаријата “Тиквеш”-локалитет Лепово.