Конкурс за македонски организации и социјални претприемачи за зелени идеи/проекти ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ЗЕЛЕНИ ИДЕИ
Во годината кога ЦИРа слави 10 години од своето постоење, во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefellers Brothers Fund) од САД, и во оваа 2013 година, распишува конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси,кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.
Критериумите за учество и формуларот за аплицирање можете да ги погледнете на http://cira.org.mk/index.php/en/events/243–2013.
Крајниот рок за доставување на проектите е 27 мај 2013, до 17:00 часот. Пополнетиот формулар доставете го на email: cira@cira.org.mk
Терминот „зелени идеи“ означува идеи кои придонесуваат кон животната средина, кои користат ресурси од локалната заедница и кои придонесуваат кон одржливиот развој (интеграција на локалните, економските, социјалните и еколошките потреби и приоритети на заедниците).