Почетна / Вести Македонија / Четири винарски визби избришани од регистарот на откупувачи

Четири винарски визби избришани од регистарот на откупувачи

Четири винарски визби се избришани од регистарот на откупувачи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поради неплатено грозје во законски предвидениот рок.

Како што соопшти денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, против одговорното лице во една винарија е покрената и кривична пријава за давање лажни изјава или нотарски акт дека е платено грозјето во целост.
Коњановски потенцира дека нема да биде поштеден ниту еден субјект доколку не ги испочитува законските обврски.
– Во интерес на заштита на правата на лозарите го донесовме Законот за лозарство и винарство каде точно се определени казните за оние кои нема докрај да ги испочитуваат договорите. Нема да се толерира никој, тоа најодговорно го тврдам. Секој што нема да го подмири долгот кон лозарите во определениот временски период, ќе се соочи со санкции, подвлече Коњановски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Неготино.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …