Почетна / Вести Македонија / Тутунарите од делчевско задоволни од квалитетот и цената на тутунот

Тутунарите од делчевско задоволни од квалитетот и цената на тутунот

Откупот на тутунот во Делчево и Македонска Каменица привршува, иако крајниот рок за преземање трае до 15 март. За разлика од бербата во 2011 година, квалитетот на родот е многу подобар поради што е постигната повисока откупна цена, 185 денари за килограм.

Најголем број тутунопроизводители од Делчевско имаат склучено договори со комбинатот „Далија табак“ кој ја реализира исплатата еден ден по предавањето во откупниот центар.

– Субвенциите од 60 денари за килограм стимулативно влијаат на тутунопроизводството во општината. Затоа бројот на производители и на површинитете под тутун се зголемува секоја година, вели Горан Даневски од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Делчево.

Извор: http://kurir.mk/republika/opstini/99771-Tutunarite-od-delcevsko-zadovolni-od-kvalitetot-i-cenata-na-tutunot

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …