Почетна / Вести Македонија / Откупот на тутунот во Пелагонија се одвива без проблеми

Откупот на тутунот во Пелагонија се одвива без проблеми

Откупот на тутунот во битолскиот дел на Пелагонија се одвива според предвидената динамика, без проблеми и наскоро ќе заврши.

 

Како што велат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, производителите немаат поголеми забелешки околу проценката на квалитетот и преземањето.

– Очекуваме за неколку денови откупот на тутунот да биде завршен во целост, на сите откупни пунктови. Временските услови придонесоа да се произведе квалитетен тутун и според првичните информации, во Пелагонија ќе бидат откупени повеќе од 2.000 тони, вели Илија Србиновски, раководител на Подрачната единица.

Веќе се подготвуваат евидентните листови за новата реколта во 2013 година.

– Очекуваме и годинава да бидат евидентирани околу 2.600 тутунопроизводители. Во тек е постапката за идентификување и обележување на земјоделските површини. Секој земјоделец што ја завршил оваа активност може непречено да користи субвенции во тековната година, напомена Србиновски.

Идентификацијата на земјишните парцели ќе се одвива до крајот на идниот месец. Секој земјоделец е должен во Подрачната единица да пријави исцртување парцелите или да побара стручна помош.

Извор: http://kurir.mk/republika/opstini/99768-Otkupot-na-tutunot-vo-Pelagonija-se-odviva-bez-problemi

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …