Оваа прекрасна градина го носи името „Кафачи Фуџи“ и се наоѓа Китакјуши, Јапонија на оддалеченост од 6 часа возење од Токио. Во оваа градина има 150 цветни растенија Вистерија во 20 различни видови.
Главната атракција во оваа градина е тунелот кој ви овозможува да поминете под магичното виолетово небо. Најдобро време за посета на градината е во периодот од крајот на април до средината на мај. Градината е во приватна сопственост и се наплатува влез.