Почетна / Вести Македонија / Фото: Вардар ги поплави земјоделските посеви во гевгелиско

Фото: Вардар ги поплави земјоделските посеви во гевгелиско

Водостојот на реката Вардар на јужниот тек постојано расте и се заканува да ги загрози крајбрежните површини.

Во атарите на населените места Давидово, Миравци, Мрзенци и Богородица, Вардар се излеа од своето корито и поплави дел од крајбрежјето и земјоделски површини.

Од двете страни на патот Гевгелија-Богданци, земјоделските посеви се под вода, но, засега нема загрозување на коловозите и сообраќајот се одвива нормално.

Надлежните општински служби извршија увид на постојните земјани брани, кои се под контрола и засега нема опасности од излевање на акумулираната вода.

Излеаните води на Вардар засега претставуваат опасност само за земјоделските посеви кои се наоѓаат на самото крајбрежје.

 Извор: kurir.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …