Почетна / Вести Македонија / Тримесечен ловостој за пастрмка во Дебарско Езеро и во Радика

Тримесечен ловостој за пастрмка во Дебарско Езеро и во Радика

Стартуваше забраната за лов на пастрмка во Дебарското Езеро и  во Радика и истата ќе трае до 31 јануари наредната година. Тоа поради нејзиното мрестење.

-Одлуката е донесена врз основа на Законот за рибарство. Во овој период строго е забрането ловење на овој вид риба и против оние кои нема да ја почитуваат оваа одлука ќе се превземаат законски мерки, – изјави Лири Делиши, Началник на дебарската подрачната единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според Делиши за време на ловостојот на пастрмката ќе има зголемена контрола на езерото од страна на надлежните институции.

Во овој период ни концесионерот ЗЗ„ Охридска пастрмка“ не може да  врши порибување без претходно да добие специјална дозвола за тоа од ресорното министертво.  Треба да се нагласи дека и концесионерот ја засили рибочуварската служба со цел заштита на пастрмката од нелегално ловење и заштита на приордниот мрест на истата. Поради нејзината постојана пристност на терен во последните неколку месеци, рибокрадците кои беа постојано присустни на езерото ги снема. (В.Т.)


Извор: http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=09575CA57EAF21419F6994570468F91F

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …