Во рамки на саемската манифестација „Агрофуд“, федерацијата на фармери денеска организира трибина на тема „Измените на Законот за регистрацијата и легализација на тракторите“.
Законските измени ќе ги презентира раководителот на Секторот за внатрешен пазар во Министерството за економија Нериман Џеладини, државниот секретар на Министерството за економија Анче Трифун и заменик претседателот на Федерацијата, Мемет Синани.