Почетна / Вести Македонија / Три фирми продавале неквалитетно вештачко ѓубре во Куманово

Три фирми продавале неквалитетно вештачко ѓубре во Куманово

35 тони неквалитетно вештачко ѓубриво увезено од Србија, е пронајдено во три фирми во Куманово. Ѓубрето што го произведувала фабриката Азохем од Суботица, содржело помали количини на азот, калиум и фосфор, а на декларацијата било наведено дека го задоволува пропишаниот квалитет.

– Станува збор за НПК ѓубре, декларирано е со 3 петнаесетки, но лабораториските анализи покажаа вкупен азот 7, вкупен фосфор 9,28 и вкупен калиум 6,80.По правилникот е дозволено отстапување од 1,5 проценти од декларираното, а овде имаме надминување од 50 до 70 проценти. Многу е чудно што покрај сертификатите на производителот, и анализите во нашите лабаратории покажуваа дека ѓубривото одговара на пропишаните својства и декларации. Ние откако направивме анализи во други лабаратории дојдовме до загрижувачки податоци – изјави Румен Стаменов, директор на Државен земјоделски инспекторат. (С.Н.)


Извор: dnevnik.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …