Почетна / Вести Македонија / Тиквеш на конкурс бара најдобра дизајнерска етикета за Шардоне

Тиквеш на конкурс бара најдобра дизајнерска етикета за Шардоне

Виното Шардоне на винарската визба Тиквеш” од бербата 2013 година ќе има уникатна дизајнерска етикета за која ќе се натпреваруваат дизајнери од целиот свет. Скопје дизајн вик објави меѓународен повик преку кој ги информира сите заинтересирани дизајнери да учествуваат на конкурсот.

– Како општествено одговорна компанија Тиквеш” ги поддржува иницијативите за поголема промоција и развој на дизајнот и креативноста во земјава. Сакајќи да дадеме конкретен придонес и вистинска поддршка и да ги поттикнеме сите оние што се занимаваат со дизајн се одлучивме на едно од нашите најпродавани вина да му дадеме нов визуелен израз кој, на наше огромно задоволство, ќе носи и авторски потпис – потенцираа од Тиквеш”.

Според Александар Велиновски, директор на Скопје дизајн вик, најважниот сегмент на манифестацијата е токму препознавање на потребата за дизајн од страна на бизнис заедницата, а примерот за соработка со Тиквеш” охрабрува.

Пристигнатите дизајнерски решенија ќе ги разгледува интернационално жири, а 10 најдобри предлози ќе бидат изложени во рамките на Скопје дизајн вик што ќе се одржи во Куршумли ан од 1 до 6 октомври. Најдоброто решение ќе биде прогласено на затворањето на Скопје дизајн вик на 6 октомври. Првонаграденото дизајнерско решение ќе добие и парична награда во висина од 30.000 денари.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …