Почетна / Вести Македонија / Пет милиони евра за систем за наводнување во Тиквешко

Пет милиони евра за систем за наводнување во Тиквешко

Државата ќе инвестира 5 милиони евра во Тиквешко за изградба на нови хидромелиоративни системи и за рехабилитација на постојната мрежа за наводнување.

Реализирањето на инвестицијата е предвидено во наредните пет години и со тоа, како што најави денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, над 3.000 хектари земјоделско земјиште ќе добијат услови за наводнување.
– Развојот на земјоделството е нераскинливо поврзан со развојот на системите за наводнување. За таа цел како Влада изминативе години обрнуваме посебно внимание на овој сегмент. Инвестираме во изградбата на нови системи и брани за наводнување на замјоделско земјиште, како и во санација и рехабилитација на постојните системи, рече Коњановски по пуштањето во употреба на пумпната станица “Сува Гора” со која ќе се наводнуваат дополнителни 200 хектари.

Месноста “Сува Гора” се наоѓа меѓу селата Бегниште и Ресава. Вкупната инвестиција е околу 16 милиони денари. Средствата се обезбедени од Фондот за води, од Министерството за земјоделство и од водостопанството “Тиквеш”.
– Изминатиот период инвестиравме во речиси сите системи за наводнување. Но, свесни за климатските промени и нивното влијание врз културите, воедно земајќи ги превид анализите за тоа кои од нив ќе бидат најзагрозени, ќе продолжиме со вложувања во овој регион, нагласи Коњановски.

Тој апелираше земјоделците да ја трошат водата за наводнување рационално, да ги одржуваат системите за наводнување и да размислуваат за монтажа на системи капка-по-капка.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …