Почетна / Вести Македонија / Тешки метали – олово во три од пет пратки

Тешки метали – олово во три од пет пратки

Кај три од пет пратки пченица увезена од Република Србија, суперанализите потврдија во мострите зголемено присуство на тешки метали – олово.

– Станува збор за минимални отстапувања од дефинираните максимални вредности пропишани со Правилникот за општите барања за безбедност на храната, поради кои неодамна од страна на Агенцијата беше донесено решение за забрана за нивно ставање во промет.

Пратките во вкупна тежина од 330.220 килограми, набавени од два различни добавувачи, а наменети за три големи македонски мелнички капацитети, влегоа во земјава пред еден месец.
– Спорните количини, кај кои во рамки на задолжителното лабораториско испитување на секоја пратка увезена пченица беше констатирано зголемено присуство на олово, не се пуштени во промет, односно се наоѓаат под надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство. Согласно законските одредби, за ваквите количини може да се изврши пренамена, односно истите да бидат пренаменети за исхрана на добитокот, или пак да се вратат во земјата од каде се увезени, како и да се уништат – соопштија од АХВ.

Дваесет тони пченица со тешки метали во Македонија со потекло од Украина влегоа и лани, но дел од нив завршија како добиточна храна. Компанијата увозник поради тоа што ги пуштил во промет без потребните анализи, заработи казна од 5.000 евра.
– Во рамки на редовни активности, Агенцијата за храна и ветеринарство и во иднина ќе продолжи со спроведување на ригорозни контроли и при увоз на пченица, со задолжително вршење на лабораториски анализи за секоја увезена пратка – велат од АХВ.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …