Почетна / Вести Македонија / Студиски престој на претставници од ФФРМ во Унгарија

Студиски престој на претставници од ФФРМ во Унгарија

Претставници од Федерацијата на фармерите на РМ ќе престојуваат на студиски престој во Унгарија каде што ќе реализираат средби со градинари, претпријатија и владини институции кои работат на развој на земјоделството во Унгарија.

Целта на студиското патување е реализирање на средби и размена на искуства со унгарските земјоделции и институции во полето на кооперативите и градинарствто. Во понеделник (12 февруари) првата средба ќе биде реализирана со Амбасадорот на РМ во Унгарија Дарко Ангелов, при што македонската амбасада целосно учествува во организацијата на самите средби.

Во рамките на тридневниот престој во Унгарија ќе се реализираат средби во Министерството за земјоделство каде што ќе се разговара за Системот на финансиска поддршка на ЕУ за групи на производители и организации на производители во секторот градинарството.

Една од главните средби е состанокот со Истван Јакаб, потпретседател на унгарскиот парламент и претседател на Национална асоцијација на здруженија на унгарските фармери и кооперативи.

Студискиот престој е реализиран од страна на Федерацијата на фармерите и консултанстката куќа МЦГ, а подржан од Агбиз програмата на УСАИД.

Извор: ffrm.org.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …