Почетна / Вести Македонија / Во Македонија не се продава канцерогено млеко од Дукат и Виндија?!

Во Македонија не се продава канцерогено млеко од Дукат и Виндија?!

вие смирувачки тонови до македонските потрошувачи пристигнуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство, откако проструи информација дека канцерогено млеко на Дукат и Виндија се продава на Балканот, а неговите потрошувачи се во паника и страв од последици по нивното здравје.

На македонскиот пазар нема млеко од трговските марки Дукат и Виндија за кои хрватските ветеринарни власти изразиле сомневање дека има зголемена концентрација на афлатоксин М1. Овие смирувачки тонови до македонските потрошувачи пристигнуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство, откако проструи информација дека канцерогено млеко на Дукат и Виндија се продава на Балканот, а неговите потрошувачи се во паника и страв од последици по нивното здравје. Дел од пакувањата кои содржеле токсин повеќе од дозволеното се повлечени од пазарите во Хрватска, Босна и Црна Гора.
– Од спорните шаржи кај нас се увезени само 360 литри од трајното млеко Лагано јутроо, кои досега не се пуштени во промет, а за кои по направените инспекциски контроли и земените мостри за анализа од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, на операторите со храна им е издадена наредба за забрана за пуштање во промет. Спорните количини млеко на нашиот пазар се увезени со ветеринарен сертификат и сертификат за квалитет издадени од надлежни служби – велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Тие нагласуваат дека извршени се дополнителни контроли на пазарот, особено во компаниите увозници на млеко од овие производители, а оствариле и контакт со ветеринарните власти од Хрватска. Агенцијата и натаму ќе ја следи состојбата и ги уверува македонските граѓани дека нема место за паника.

Писмено се огласија и од Дукат. Тие посочуваат дека дел од сомнителните производи воопшто не се увезувале во Македонија, а целокупната количина на трајното млеко Лагано јутро се наоѓала во магацините и веднаш била стопирана дистрибуција до продажните места.

Вчера и хрватското Министерството за земјоделство информираше дека нема место за паника, бидејќи за да се појават штетни последици по здравјето на граѓаните треба да се консумира поголеми количини од млекото. Со тоа тие ја демантираат првичната информација дека доволни се две пакувања од ова млеко за да го загрозат здравјето на луѓето.

Инаку, примероци од овие млека се пратени на дополнителни анализи во референтна лабораторија во Австрија.Според хрватскиот ветеринарен институт извор на канцерогениот токсин била сточната храна која ја користеле фармите за хранење на кравите чие млеко го откупувале посочените млекари.

Деновиве се повлече и туната Риал увезена од Тајлад во Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговија, бидејќи содржела високи количини на хистамин.

(В.Ма.)


Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …