Царинските работници на граничниот премин „Терминал“ кај Прешево,спречила шверц на четири тони зеленчук, односно два тона домати и два тона лути пиперчиња.
Доматите и пиперчињата се откриени во камион кој ги транспортирал од Македонија во Србија, а увозник била фирма од Врање.
„Потврдено е дека станува збор за 2.015 килограми домати и 2.080 килограми лути пиперчиња наменети за пазарот во Белград. Стоката не беше пријавена, – потврдиле од Царинската управа за весникот Вечерње новости.
Извор: dnevnik.mk
агри.мк Портал за промоција, развој и поттикнување на земјоделството во Македонија