Почетна / Вести Македонија / Со субвенциите македонското земјоделство доби вредност

Со субвенциите македонското земјоделство доби вредност

Во земјоделството, оваа година се направени значителни промени. Донесена е петгодишна програма за субвенционирање која треба да даде нова насока на развојот на земјоделството, се хармонизираа многу закони, а се даде можност на стопанството да се ревитализира.

– Најголема предност е што се препозна вредноста на македонското земјоделство и неговите компаративни предности, така што со инвестирањето и вложените пари преку субвенциите, Програмата за рурален развој и ИПАРД програмата се додаде вредност на земјоделското стопанство – истакна Андрија Секуловски, претседател на Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ), кој меѓу позитивните активности ги вброи и распределбата на земјоделското земјиште, легализацијата на фармите, легализацијата и регистрацијата на тракторите…

Според него, една од придобивките во изминатите години е поддршката на земјоделските стопанства низ различни форми на поддржување. Тој посочи дека Федерацијата и понатаму ќе работи за квалитативно распределување на постоечките средства и создавање конкурентен македонски земјоделец. Секуловски посочи дека слабости се чувствуваат во администрацијата и во слабото следење на новите техничко-технолошки достигнувања, борбата со климатските промени и појавата на нови болести и штетници.
– Се уште се чувствува непочитувањето на договорите меѓу производител – трговец и затоа ќе посветиме уште поголемо внимание во процесот и развојот на кооперативното здружување – рече Секуловски.

Тој потсети на брендот “Моја земја”, списание за земјоделците и сите лица кои сакаат директно или индиректно да се информираат во делот на земјоделството, како и за можноста над 500 земјоделци годинава биле дел од саемите во Турција, Србија и Грција.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=8D17E9289F7BEA498319861FF1A2E80B

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …