Почетна / Вести Македонија / Со продажба на земјоделско земјиште ќе се заштитат концесионерите

Со продажба на земјоделско земјиште ќе се заштитат концесионерите

Законот за продажба на државно земјоделско земјиште се носи по барање на земјоделците и со него се заштитуваат концесионерите кои во моментот користат државно земјоделско земјиште.

Вака заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски на собраниската комисија и пред земјоделските здруженија и асоцијации го презентираше законското решение кое овозможува земјоделците да го откупат државното земјоделско земјиште кое го имаат закупено.
– Предмет на продажба е земјоделско земјиште кое не е под договор и за кое концесионерот ќе даде согласност тоа да се продава. Почетната цена на земјиштето ќе се утврдува од страна на Бирото за судски вештачења, а продажбата ќе биде јавна и транспарентна. Земјоделците ќе имаат можност да го откупат земјиштето во готово или на рати во период од пет години со можност за негово продолжување на уште пет години – појасни Коњановски. Дел од земјоделците сметаат дека законот треба да се донесе, но под јасни и прецизни услови, додека други побараа негово повлекување бидејќи, како што рекоа, финансиски не се подготвени да го откупат земјиштето кое го зеле под концесија. Сите се согласни дека рокот од пет години за отплата на земјиштето е премал и оти не треба да се дозволи негова пренамена во градежно земјиште. Согласни се и дека при утврдувањето на цената за продажба на земјиштето треба да се води сметка и за неговата местоположба, инфраструктура. Повлекување на законот побараа пратениците од опозицијата бидејќи, според нив, законот не нуди заштита на малите земјоделци кои ќе останат без земја.

Извор: vecer.com.mk

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …