Фабриката на Суташ во Македонија почна со производство и продажба на македонскиот пазар. Како што информираат од компанијата, Суташ млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт, веќе се достапни во маркетите во Македонија.
– Во изминатата година, ја подготвувавме фабриката во Скопје да почне со производство и инвестиравме 13 милиони евра. Подготвени сме да ги претставиме производите пред потрошувачите. Задоволни сме што нашата 38-годишна експертиза, посветеност и природен вкус ќе ги претставиме во Македонија. Веруваме дека нашите производи ќе бидат примени со позитивни реакции од страна на потрошувачите во Македонија, во земјата со која делиме заедничка култура и наследство. Започнувајќи од денеска, производите на Суташ, млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт ќе бидат достапни на полиците во маркетите. Во текот на оваа година, наша цел е да го дистрибуираме нашиот природен вкус, да го зголемиме изборот, како во Македонија така и во останатите држави на Балканот – истакна генералниот менаџер на Балканска Млекара, Али Мушфик Созер. Врз основа на планираната инвестиција на Суташ во “Балканска млекара Македонија”, која е со капацитет од 70 милиони литри годишно, се очекува бројот на вработувања да достигне до 250 лица. (Ал.С.)