Почетна / Вести Македонија / Барања за субвенции за млеко до 15 јуни

Барања за субвенции за млеко до 15 јуни

Млекопроизводителите до 15. овој месец ќе можат да поднесат барања за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април 2013 година, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15 проценти за млеко произведено на одгледувалишта со надморска висина поголема од 700 метри.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде е извршена регистрација на земјоделското стопанство.

Како доказ за продадено млеко ќе се доставуваат откупни белешки издадени од преработувачки капацитети запишани во регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло. 

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …