Во Сингапур вчера, пред претставници на комисијата за рекорди на Гинис, беше официјално отворена најголемата вертикална градина на светот.
Се работи за здание високо 24 ката, сместено во парк во близина на комплекс облакодери. Градината облакодер има површина од 2.289 квадратни метри и е опремена со најсовремени агро-технолошки решенија и сензори.
Сопствениците соопштија дека овој објект овозможува заштита на енергија и вода во висина од речиси 400 илјади долари годишно.
Изградбата на ваквата градина во облакодер е и резултат на прописите, според кои инвеститорите во станбената изградба во Сингапур имаат обврска да ги компензираат штетите од уништувањето на зеленилото каде што градат објекти. Оваа обврска инвесттиторите во Сингапур до сега најчесто ја исполнуваа со градење на водоотпорни покриви на врвот на зградите и со големи тераси на кои можат да се садат растенија и цвеќе.
Извор: vecer.com.mk