Млекопроизводителите до недела можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко во регистрирани млекарници во период од 1 јануари до 30 април годинава.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека висината на субвенцијата е 3,5 денари по литар.
Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Извор: kurir.mk