Почетна / Вести Свет / Членките на ЕУ ќе можат да избираат дали ќе одгледуваат ГМО

Членките на ЕУ ќе можат да избираат дали ќе одгледуваат ГМО

 

 

 

Европските министри за заштита на околината постигнаа политички договор за одгледувањето генетски модифицирани култури со кој на државите членки на Европската унија им се остава можноста за избор дали ќе го одобрат или ќе го забранат одгледувањето на таквите култури на својата територија.

 

„Сите држави, освен Белгија и Луксембург, се согласија на овој компромис”, изјави грчкиот министер за екологија Јоанис Маниатис, чијашто земја претседава со Европската унија.

Новата законска рамка овозможува секоја земја членка да го забрани одгледувањето на ГМО на целата или на дел од својата територија, од причини како што се јавниот ред, управувањето со територија или со борба против ширењето на генетски модифицирани семиња. Државите земји што се противат на ГМО нема да го забранат транзитот на одобрените генетски модифицирани култури преку сопствената територија.

Договорот отвора можности за одгледување на ГМО во Европската унија.

 „Новиот систем им гарантира на државите можност на избор, дали сакаат да одгледуваат ГМО или не”, изјави француската министерка за заштита на природната средина, Сеголен Ројал.

Нејзината колешка од Луксембург, Карол Диешбург изрази резервираност во однос на договорот, стравувајќи од „бран одобрувања на генетски модифицирани култури” во Европската унија.

Политичкиот договор на земјите членки треба да го прифати и Европскиот парламент.

Четири генетски модифицирани култури добија дозволи за одгледување во ЕУ, но засега се одгледува само една – пченката MON810 на американскиот „Monsant” кој побара продолжување на дозволата. Овој вид пченка се одгледува во Шпанија, Португалија, Романија, Чешка и Словачка. Осум земји членки го забранија. Од другите, двата вида пченка (BT176 и T25), како и од компирот Amlforе, се откажаа.

Дозвола за одгледување чекаат уште шест генетски модифицирани култури, меѓу кои пченката TC1507 произведена од „Pionerr”. Сите веќе добија одобренија од Европската агенција за безбедност на храната (EFSA).

Неодамна од американската „Monsanto” соопштија дека немаат намера да поднесуваат нови барања за одобрување на генетски модифицирани култури во Европската унија и ќе се ориентираат на други делови од светот.

Извор: kajgana.mk

 

 

 

Check Also

Маслиновото масло ќе поскапи за 30-40 отсто

Екстремна суша со месеци ја погодува Шпанија, додека на италијанските плантажи со маслинки се појавија …