Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД во соработка со Стопанската комора на Македонија денеска организира семинар на тема „Кластери за зелена енергија”.
Присутните ќе имаат можност да ги слушнат шведските искуства за формирање кластери во областа на енергетската ефикасност од експертот Матс Јохансон. Неговото излагање се осврнува и на можностите, но и на пречките за воспоставување вакви платформи, на начините на финансирање, очекуваните резултати, одржливоста и развојот на кластерите.
На семинарот што се организира во рамки на проектот „Промоција на одржливи земјоделски практики, енергетска ефикаснст и искористување на обновливи извори на енергија во руралните заедници на Република Македонија” – Агроенергија, финансиран од Шведската агенција за соработка и развој – Сида, ќе бидат презентирани и досегашните македонски искуства и можности за кластерско здружување.
Извор: http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/91883-Seminar-na-tema-Klasteri-za-zelena-energija