Почетна / Вести Македонија / Зачестени контроли на охридските ревири

Зачестени контроли на охридските ревири

Концесионерот на риболовните ревири и рекреативните зони во охридскиот регион заедно со Државниот инспекторат за земјоделство најавија зачестени контроли на акумулациите што се дадени под закуп на Спортско-риболовниот клуб Свети Апостол Петарр.

Тоа било договорено на средбата меѓу претставниците на охридското Одделение за инспекциски надзор од областа на рибарство со аквакултура при Државниот инспекторат за земјоделство со претставници на Здружението на рекреативни риболовци спортски клуб Свети Апостол Петар од Охрид.
Станува збор за риболовниот ревир Слив на Охридско Езероо со реките и Белчишкото блато – Сини Виројј, како и на рекреативните зони Слатинско езероои Требенишко езероо. Потребата од контрола на посочените ревири е дотолку поголема што во овој период според риболовната основа е во тек забрана за лов на пастрмката. Забраната за лов на пастрмка почна на 1 октомври, а е на сила до 28 февруари идната година. Согласно законските одредби, недозволениот риболов е кривично дело за кое се предвидени казни затвор од една до пет години.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=F6357DD5E175F94A8323DEA9C1ECDD58

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …