Во координација со повеќе институции Министерството за економија од вчера почна засилена контрола на сите зелени пазари во Македонија. Акцијата ќе трае наредните 10 дена.
– На сите што ќе продолжат да работат без да го почитуваат законот, им се закануваат казни и одземање на стоката во првата фаза. Во втората фаза, ќе бидат поднесени и кривични пријави – изјави министерот за економија, Ваљон Сараќини. Тој напомена дека до Министерството стигнуваат поплаки од граѓаните, но и од луѓето кои законски работат на пазарите за разлика од дивите продавачи.
– Во последно време се евидентирани многу диви пазарџии кои продаваат нелегално, на улица. Затоа почнуваме со засилени контроли. Активностите ги координиравме со Пазарната инспекција, општина Чаир, Град Скопје и МВР – информира Сараќини.
Извор: vecer.com.mk