Почетна / Вести Македонија / Регионот да се обедини под еден вински бренд

Регионот да се обедини под еден вински бренд

Познатиот француски енолог Филип Камби, вински консултант на винаријата “Тиквеш” од Белград порача производителите на вино од регионот да се обединат под заеднички бренд за да бидат поуспешни на пазарот, пренесува порталот Бизнис плус.

– За развој е потребно да се работи од година во година, но плански, умерено и полека – рече Камби предупредувајќи дека ако се преценат капацитетите ќе дојде до пад. Таков е примерот со Австралија, која поради лошата финансиска ситуација и преценување на капацитетите сериозно ги намали површините лозја.
Камби вели дека за добро вино, грозјето е клучно и затоа целта е да се произведе добро грозје.
– Тоа е како во кулинарството. Ако основните состојки се добро и конечниот исход ќе биде извонредно добар – вели Камби и додава дека кај доброто вино најважни се елеганцијата, финесите и овошјето, како и чистината на вкусот.
Камби од 2010 година е консултант на винаријата “Тиквеш” и како енолог соработува со 74 винарии, главно во Франција и Шпанија.

Извор: http://vecer.com.mk/?ItemID=3A5DB658B59E204FA70B201DB9250276

Check Also

Qélianet започнува да работи во Македонија

Интегрален текст од тим информатичари од Охрид. Известувањето Ви го пренесуваме во целост. Почитувани, Ви …