Почетна / Занимливости / Расцвета најголемиот цвет во светот

Расцвета најголемиот цвет во светот

Во Базел во Швајцарија расцвета најголемиот цвет во светот. Ова огромно растение е високо 2,27 метри и цвета само во текот на неколку дена на неколку години.

Титан Арум, по потекло од џунглите во Суматра, не е само најголемото цвеќе во светот, туку и цвеќе со најлош мирис. Растението испушта мирис кој потсетува на мирисот на месо кое скапува.

Во оваа ботаничка градина, во последните 18 месеци расцветале два вакви цвета. Пред тоа, единствен забележан случај на цветање на ова растение во Швајцарија се случило во 1936 година.

Целиот процес на цветење го следеа голем број камери. На оние кои не им сметала миризбата која ја создава растението дојдоа во ботаничката градина за да го гледаат цветењето.

Во април 2011 година кога оваа билка исто така цвета, ботаничката градина ја посетија повеќе од 25.000 луѓе.

Check Also

Задолжително купете една од овие билки за свеж воздух во домот

Колку и да се грижиме за хигиената во нашиот дом, во него сепак постојат отрови …